ВНИМАВАЈТЕ: Никако лименки во замрзнувач – ова момче ќе носи лузна цел живот (Фото)


Лименка во фрижидер за длабоко замрзнување е исто како да имате темпирана бомба. Момче од Кина едвај преживеало откако лименката извадена од замрзнувачот му експлодирала, пишува дејли мејл.

Момчето има ужасни повреди на лицето откако при експлозијата алуминиумот од лименката се распрснал и како шрапнели му се забоделе во лицето.

Веднаш е пренесено во болница каде морале да употребат 38 конци за да ги зашијат раните. 7 конци има и во внатрешноста на устата. Докторите велат дека лузните се толку длабоки што најверојатно ќе му останат лузни за цел живот.

Кога газираниот сок е замрзнат, просторот во лименката не му е доволен бидејќи волуменот во вантрешноста се шири, а гасот јаглерод диоксид се собира како што замрзнува. Обично до експлозија доаѓа кога лименката уште е во замрзнувачот, но во некои случаи до експлозијата може да дојде и откако лименката се извади од замрзнувачот.

Оваа фотографија од детето го преплави Интернетот како предупредување да не се чуваат лименки во замрзнувач.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1