Досега има мал број на заразени од овој паразит, но се покажало дека лекувањето е доста долг, макотрпен и не целосно ефикасен процес, а поголемиот број на британци кои биле заразени се здобиле и со слепило како резултат на инфекцијата.
„Ова е потенцијален проблем за секој кој користи контактни леќи.“ Изјавила Фиона Хенрикез од Универзитетот во Западна Шкотска.
Професорот Краг Робертс, кој работи заедно со доктор Хенрикез за да создадат подобро решение за чистење на леќите, изјавил: – Паразитот е насекаде!
Научниците велат дека, оваа амеба која претставува едноклеточен паразит, се храни со бактериите кои се наоѓаат на нецелосно исчистени леќи. Кога ваквите леќи ќе се постават на окото, паразитот почнува да ја нагризува корнета, надворешниот слој на окото.
Најчести симптоми се чешање на очите, замаглен вид, чувствителност на светлина и болка во очите.
Третманот вклучува терапија со капки за очи кои пациентот мора да ги става во очите на секои 20 минути преку денот и ноќта и да биде хоспитализиран околу три недели.
Научниците советуваат контактните леќи да се одржуваат чисти постојано, со цел да се спречи да настане било каква инфекција.