Седум луѓе се затруени од печурки во скопско Сопиште.
Петмина во текот на денот се донесени на клиниката за токсикологија, од нив еден е пуштен дома, а лекарите попладнево очекуваа уште двајца кои пријавиле дека им е потребна медицинска помош.
Труењето се случило вчеравечер откако луѓето јаделе од печурките кои сами ги собирале, а првите симптоми се појавиле по пет часа, објави телевизијата Телма.