Внимавајте што јадете денес – Најмногу се дебелееме во недела навечер


Во недела во 19 часот најмногу се дебелееме, тврди ново истражување. Стручњаците докажаа дека тоа е времето кога јадеме „храна за утеха“, која не е добра за нашата витка линија, но е благотворна за душата.

zdebeluvanje kilogramiРечиси 50 отсто од луѓето кои учествувале во анкетата потврдиле дека во недела помеѓу 19 и 22 часот тешко и одолеваат на масната и слатка храна. Вкупно 28 отсто од испитаниците рекле дека за нив времето во кое се препуштаат на конзумирањето висококалорична храна почнува порано, односно од 15 до 17 часот.

Овие откритија доаѓаат по обемното истражување, кое утврди дека за време на викенд тешко можеме да и кажеме „не“ на храната која дебелее, а најголем виновник за тоа е стресот кој ни е предизвикан од работата.

Но не е само неделата проблематична. Истражувањето утврдило дека и во понеделник сме склони на јадење „грицки“. Повеќето од испитаниците рекле дека тоа им помага да ја надминат депресијата поради враќањето на работа по слободниот викенд.

Повеќето испитаници, исто така, одговориле дека јадат во вечерните часови и дека тешко се контролираат за време на вечера. Седумдесет отсто од нив признале дека по лошиот ден на работа се частат со слатки.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1