Француските здравствени власти им наредија на лекарите и на болниците да соопштуваат за можни знаци дека епидемијата на ебола во Западна Африка може да заразила пациенти во Франција, иако засега не се забележани такви симптоми
Франција одржува тесни врски со неколку свои поранешни колонии во регионот, а имигранти и службеници на француски мултилатерални компании често патуваат таму.
Заразата, која има 90-процентна смртност, се појави во Гвинеја пред два месеци и се прошири во соседните Либерија и Сиера Леоне. Две лица се ставени во карантин и во Гамбија. Владата на Мали соопшти дека во земјата се откриени три сомнителни случаи на ебола и оти болните се ставени во изолација додека се добијат резултатите од лабораториските истражувања.
– Објавените мерки во Франција се превентивни, изјави министерката за здравство Марисол Турен.
– Здравствените органи во парискиот регион добиле дополнителни инструкции за патници, кои пристигнуваат на меѓународниот аеродром „Шарл де Гол“, но засега не се преземени мерки за ограничување на патувањата од и кон Западна Африка, изјави портпарол на Министерството.










