Многумина знаат да паднат во искушение наместо на тераса, алиштата да ги сушат во соба. Меѓутоа, тоа може да доведе до бројни здравствени проблеми кај членовите на вашето семејство.
Студијата спроведена на Архитектонскиот факултет во Глазгов открила дека во многу домови се собира многу влага, а за тоа сушењето на алишта придонесува и до 30%.
Истражувачите рекле дека во три четвртини испитани домови се нашле влага која доведува до појава на гриње и згоемена концентрација на мувла.
Воздухот загаден со овие организми лесно може да допринесе за појава на астма и други алергиски состојби.
Студијата која опфатила повеќе од 100 куќи во текотт на зимата 2011 година открила дека 87% од луѓето алиштата ги сушат дома кога времето е ладно, а две третини алиштата ги ставаат покрај некој извор на топлина.
Тоа доведува до пораст на влагата во воздухот за 30% во деновите кога се перат и сушат алиштата и 15% во просек.
Истражувачите велат дека малку одобро изолираните куќи особено кубурат со влагата.
„Луѓето ја изолираат куќата поради енергетска ефикасност, но тоа потоа создава проблеми со вентилацијата“, вели еден од авторите на студијата, професорот Колин Портеус.
Мувлата во домот е чест проблем, а некои од 10 типови на овие габи се опасни по здравјето. Таквата мувла ги предизвикува синусите, бронхитис и други проблеми со респираторните органи и ја поттикнуваат алергијата.
Таа се појавува секаде во воздухот и има многу влага – околу кадата, туш кабината, машината за перење садови, машината за алишта и во кујната. Може да се најде и во земјата од саксиските цвеќиња.
Hitportal.com.mk