Нада Торлак, внука од сестра на Јованка Броз, вели дека лажат кога велат дека Јованка го довела своето здравје во очајна состојба бидејќи одбивала да се лекува. Сите се сетија на неа дури сега – вели Нада.
– Лага е дека Јованка одбивала да се лекува. Кој нормален човек би дбил лекарска или геронтолошка нега, сестри и лекари кои и биле неопходни како на секој стар човек. Таа барала помош но никој не одговорил. Некои од оние кои сега наводно се грижат за нејзиното здравје не дозволија да и се помогне – вели Нада Торлак.
– Каде бевте сите овие години, ги прашувам јас нив. Живееше под секое човечко достоинство, никој не заслужува таков третман – вели Нада за Блиц.
Јованка броз на 23 август беше примена во полусвесна состојба во болница во Белград. Неколку дена потоа здравјето малку и се подобри, а медиумите пренесоа дека во болницата изјавила дека ја радува што добива поддршка од голем број на луѓе кои се интересираат за нејзината состојба.