Внуката на Фидел Кастро меѓу загинатите кои летале со алжирскиот патнички авион?


Во падот на авионот на Ер Алжир загина и ќерката на Раул Кастро и внука на Фидел Кастро, Мариела Кастро (52). Ова го објавија дел од медиумите, но нема официјална потврда. Патничкиот авион на алжирската авиокомпанија Ер Алжир денес леташе на релација Уагадугу- Алжир.

Алжирските власти соопштија дека леталото на шпанската компанија, Свифтер се урнало, но не наведуваат детали ниту за локацијата, ниту за судбината на патниците.

Air-Algerie

Она што е сигурно е дека контактот му се губи 50 минути по полетувањето некаде над територијата над Мали, земја каде што со месеци се водат вооружени судири. Пилотот побарал промена на курсот заради слабата видливост и заради близината со друг патнички авион.

Два француски воени авиони веќе тргнаа во потрага по леталото, со оглед дека дури 51 патник биле француски државјани. 27-мина се патници од Буркина Фасо, осуммина Либанци, петмина Канаѓани, четворица Германци.

Неколку алжирски медиуми објавија дека авионот се урнал во соседен Нигер, но тоа официјално не е потврдено.

Ова е трет авионски инцидент во последнава недела.

Вчера загинаа 48-мина при уривање на тајвански авион, а сите 298-мина кога малезискиот боинг беше соборен во Украина.

Француските власти, за разлика од алжирските и малиските до моментов не ја имаа потврдено веста за падот на авионот, но сепак на аеродромите Роаси-Шарл де Гол и Марсеј се создадени кризни штабови.

Местото каде се урнал авионот е зона на конфликт во регионот на Гао, но според француските експерти, вооружените групи во Мали не располагаат со оружје што може да погоди патнички авион кој лета на височина од 10.000 метри.

Во потрагата на остатоците на авионот се вклучени и два француски авиони од типот Мираж 2000, соопшти генералштабот на француската армија. Тие го следат патот на летот на авионот и промената во маршутата.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1