Внукот на Киро Глигоров успешен научник. Македонија никогаш не ја видел


Младиот Владимир Глигоров е научник, специјалност му е нуклеарната физика, а има само 32 години. Работи во престижниот Европски центар за нуклеарна физика близу Женева – ЦЕРН. Македонија никогаш не ја посетил, и не сака да зборува за своите роднини, ниту за својот дедо.

Foto: lhcb-conv.web.cern.ch

Foto: lhcb-conv.web.cern.ch

Младиот Глигоров е роден во Белград, син на познатиот економски експерт од Виенскиот институт, исто така Владимир Глигоров, имаат исто име и презиме. Глигоров јуниор е внук на поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. потоа се преселил, во Америка, потоа во Шведска и, на крајот, во Австрија.  На седумнаесет години запишал физика на колеџот „Сент Џонс“ во „Оксфорд“19137_0402vladimirgligorov_f

Во интервју за утрински весник Владимир Глигоров јуниор вели дека тоа што викаат дека тој бил вундер кинд од семејството на првиот македонски председател не му годи.

– Ние, благодарение на работата на мојот татко, побегнавме од виорот на војната што ја проголта мојата генерација во СФРЈ; додека ги трпеа последиците од тоа, јас се образував во странство. Така што среќата тука е во преден план – дали ќе го постигнев ова ако останев во 1990-тите години во Белград, или Скопје или Ѓеновици, каде што живееја моите баба и дедо по мајка? Се сомневам во тоа. Затоа не го сакам зборот „вундер кинд“, во моето одделение имаше толку многу луѓе со потенцијал, а лотаријата на животот мене ми даде шанса. Вундеркинд се оние кои останаа таму, а постигнаа нешто, и не го велам тоа од некоја лажна скромност.

Интервјуто на Владимир Глигоров прочитајте го тука

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1