D6FFBF5C3778C149B44B6F245C4E6DD4СВР-Скопје до надлежното  ОЈО-Скопје  ќе поднесе кривична пријава против лицата В.Ќ. (22), М.Л. (16) и А.Д. (29) поради основано сомнение дека извршиле едно  кривично  дело “разбојништво“ предвидено и казниво согласно чл. 237 од КЗ на РМ.

– Пријавените на 19 овој месец, околу 14.00 часот дошле на ул. “Радишанска“ во семејната куќа на  оштетениот С.Ќ (73) и од една од просториите кои се реновирале, преку прозор кој не бил затворен, влегле во куќата дошле до просторијата каде оштетениот ручал. Сторителите му пришле од позади и без да коментираат меѓусебно го врзале за столчето на кое што седел, му ја залепиле устата со селотејп и од џебот му го извадиле паричникот во кој имало  околу 16.000 денари. По истиот пат како што влегле  ја напуштиле куќата. Оштетениот Ќ.С. така врзан за столицата успеал да дојде до дворната капија каде двајца од соседите го ослободиле и при тоа повикале итна помош и се јавиле во полиција, соопштуваат од МВР.

СВР-Скопје по преземените мерки и активности, врз основа на пронајдените траги на лице место и извршеното полиграфско тестирање на пријавените, како и од извршениот претрес кај В.Ќ., внук на оштетениот и М.Л. дојде до основани сомневања дека сторители на кривичното дело “разбојништво“ се токму пријавените.

Сторителите одземените пари дел ги потрошиле за лични потреби, а дел се пронајдени кај М.Л.

Инаку А.Д. минува во казнената евиденција како сторител на кривично дело тешка кражба, за што од надлежен суд му е изречена условна осуда.

Сведоштво на ограбениот дедо