Три патнички возила биле опожарени ноќеска во 2:15 по полноќ на улицата Владимир Комаров во Скопје. Возилата се од марката „опел“ , во сопственост на 52-годишниот В.В. и „фиат“ во сопственост на фирма од Скопје, соопшти МВР.
Пожарот е локализиран, а увид ќе се изврши во текот на денешниот ден.