Во Америка пронајдени пакети кокаин со втиснато лого „Messi“ (Фото)


Американските федерални власти уапсиле двајца мажи кои низ Бронкс транспортирале кокаин чија вредност се проценува на три милиони долари. Веста дека, во најсеверниот дел на Њујорк, е запленета поголема количина на кокаин, интересна за светската јавност ја направи еден детал. Имено, на накои од опаковките, во кои бил спакуван кокаинот, било втиснато презимето, односно впечатливото лого, на најдобриот светски фудбалер, Лео Меси.

mesi kokain

Двајца мажи биле уапсени во две одовоени акции на специјалниот обвинител, одделението за внатрешна безбедност на САД  и њујоршката полиција. 22-годишниот Хавиер Хербер-Гумбс и една година постариот Марк Сото, двајцата по потекло од Порторико, биле уапсени во своите автомобили, во кои ја превезувале дрогата.

Херберт-Гумбс кај себе имал околу 50 килограми кокаин, кој бил уредно спакуван, а на некои од пакувањата биле ‘брендирани’ со логото на Меси.

Американските власти истакнале дека најверојатно се работи за Лео Месо, што е извезно кога ќе се погледне логото, но потврдиле дека не постои никаква поврзаност помеѓу Аргентинецот и криминалците од Порторико.

Инаку ова е втор пат името на Меси да се поврзува со нарко картели. Пријателските натпревари под името „Меси и пријателите“, биле користени за ‘перење на пари’ на еден мексикански нарко картел, пренесе пред пет месеци „Mundo Deportivo“. Весникот повикувајќи се на изјава на заштитен сведок, пренесе дека натпреварите одиграни во 2012 и 2013 година, се под истрага и дека целата операција била да се исперат парите на мексиканскиот нарко картел Лос Валенсија.

Покра ова напаѓачот на Барселона со месеци води битка со шпанските даночни власти, иако Лео е ослободен од обвиненијата, неговиот татко Хорхе е осомничен дека затаил данок во висина од шест милиони евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1