Во Австрија падна снег – Видео / Фото


На некои патишта во северниот дел на земјата воведено е задолжително користење на зимска опрема.

На девет дена пред календарскиот почеток на есента, заладувањето на северозапад доведе до пад на температурата во Австрија, што предизвика и снежни врнежи во одделни региони.

На некои патни правци на север од земјата е воведено  задолжително користење на зимска опрема.

Во провинцијата Форарлберг снег паднал на висина од 1200 метри. Снег паднал и во покраината Тирол каде исто така е воведено задолжително користење на зимска опрема.

Во покраината Салзбург, снег со висина од 15 сантиметри го покрил местото Обертауерн кој се наоѓа на висина од 1700 метри.

На повисоките надморски висини, како што е Сонблик кој се наоѓа на висина од 2000 метри, висината на снежната покривка изнесува 45 сантиметри.

weather4all

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1