Во БиХ била произведена муницијата користена во нападите во Париз


Босанскиот заменик-министер за одбрана Живко Марјанац изјавил дека муницијата употребена од терористите во нападите во Париз била произведена во Босна и Херцеговина.oruzje

Сепак тој нагласил дека не може да се каже дека таа во Франција стигнала од БиХ.

– На една од чаурите имаше ознака „ИК Коњиц 1986“. Тоа е компанијата „Игман Коњиц“. Но „Игман Коњиц“ беше дел од поранешната ЈНА, што значи дека муницијата биле дистрибуирана од Словенија до Македонија, ја цитира неговата изјава весникот „Дневни аваз“.

Тој ја отфрлил можноста терористите да ја добиле муницијата од воените складишта на БиХ.

– Не се знае од каде дошла муницијата, но се знае дека е произведена во БиХ, додал Марјанац.

Изјавил дека секој можел да ја продаде мунцијата и додаде дека „Игман Коњиц“ се уште извезува оружје за САД.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1