Неодамна археолозите во Бугарија биле запрепастени кога на еден локалитет ископале костури кои имале колец во пределот на градите.
Археолозите велат во средниот век тоа било пагански обичај кои бил широко распространет.
Пронајдени биле два човечки костури од средниот век во близина на манастирот Свети Никола Чудотворец во Созопол.
„ овие скелети ,,вампири,, беа прободени со железни колци цо пределот на срцето, тоа бил обичај во многу села од овој дел од Бугарија,, изјавил Божидар Димитров, директор на Историскиот музеј на Бугарија.
Според паганските верувања, луѓето кои биле лоши во текот на животот може да станат вампири откако ќе починат – па затоа за да се спречи нивното повампирување, пред да ги погребаат им го прободувале градниот кош со дрвени или железни колци.
Луѓето верувале дека тоа ќе ги држи за земјата и нема да им даде да излегуваат од гробовите навечер и да го тормозат населението, објаснил Димитров.
Ова не се првите вампири во Бугарија – досега биле пронајдени околу 100 тина слични гробови.