Уснија не била киднапирана, избегала со момчето во Тетово


По неколкудневна агонија на семејството Саит од Шутка по исчезнатата ќерка Уснија, девојчето се врати дома. Од МВР велат дека полицијата ја пронашла во Тетово заедно со своето момче, во област каде живеат роми – номади.

Шеснаесет годишното девојче било пронајдено во шатор заедно со своето глувонемо момче, а во Тетово замонала доброволно со што се исклучува можноста дека станува збор за киднапирање.

Уснија исчезна во вторникот, кога заедно со другар заминале да гледаат свадба во соседството. Три дена нејзините родители и роднини живееја во неизвесност и напнатост, а мислите им беа преполни со секакви сценарија. Сепак оваа приказна заврши со среќен крај

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1