Во Чешка 37. жртва од труење со метанол


Во чешкиот град Брно, од последици на труење со метанол починал 55-годишен маж, што е 37. жртва од нелегално произведен алкохол во земјата, јави дописникот на МИА од Прага.


– Во неговиот стан е најдено поголемо количество алкохол, кој е однесен на испитување, изјави полициската портпаролка Петра Ведрова.
Во Чешка и по три месеци од кога се појави првиот случај на алкохолно труење не се потполно изолирани причините и се уште се пријавуваат нови затруени лица.

Полицијата за тоа време пронајде неколку складови со нелегално произведен алкохол и притвори повеќе осомничени лица.

Според последните информации, особено во овој период пред божиќните и новогодишните празници се уште постои можност на пазарот да се појават околу 5.000 литри тврд алкохол кој е нелегално произведен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1