Израелската полиција им забрани пристап на младите муслимани на светите места во Ерусалим по неколкудневните инциденти.
Портпаролот на полицијата Луба Самири изјави дека на мажите помлади од 45 години строго им е забранет пристапот во комплексот Ал Акса и додаде оти забраната е поради одржување на мир, откако во немирите учествуваат првенствено млади Палестинци.
Немирите почнаа пред три недели, кога Палестинците повеќе пати се забарикадираа во комплексот Ал Акса и фрлаа камења и молотови коктели врз припадниците на полицијата.
Поради забраната Палестинците го обвинија Израел дека планира да го смени изгледот на врвот на брдото – заедничко светилиште на Евреите и на муслиманите.