Во Индија ПЕКОЛ – се топи и асфалтот, починаа над 1400 лица (Фото)


Топлотниот бран кој ја зафати Индија однесе најмалку 1.400 животи, а температурата во поедини делови на земјата се качува и над неверојатни 50 степени.indija2

Мај и јуни важат за најтопли месеци во Индија, а метеоролозите  велат дека бројот на температури над 45 степени за изминатите 15 години е значително зголемен.

Во Андра Прадеш настрадаа над 852 луѓе, а најголем дел од жртвите се од работничка класа. Властите ги предупредуваа граѓаните да не излегуваат надвор за да го избегнат најопасниот дел од периодот.

indija

Топлотниот бран трае шест дена во југот на земјата што е двојно подогло од вообичаено. Метеоролозите најавуваат дека топлотниот бран ќе потрае уште една недела.  Монсунските дождови во Индија кои ќе освежуват се очекуваат во првата недела во јуни. Сезоната на монсуни трае до септември и ја зафаќа цела држава.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1