Во Канада спречен голем терористички напад


Slovenia ProtestВо Канада е спречен заговор за напад врз железничката линија Торонто-Њујорк, соопштија претставници на американските безбедносни сили.

Канадските специјални служби претходно соопштија дека спречиле „голем терористички акт“ при што се уапсени две лица. Полицијата наведе дека уапсените повеќе од една година биле набљудувани во провинциите Онтарио и Квебек. Операцијата е спроведена во координација со Министерството за внатрешна безбедност на САД и ФБИ.

Се уште не е позната целта на спречениот терористички напад, но не е поврзан со минатонделниот бомбашки напад во Бостон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1