Во Кичево ќе се произведуваат воздушни перничиња – 1000 нови работни места


Околу 1.000 нови работни места ќе се отворат во Кичево во погонот на компанија за производство на автомобилски воздушни перничиња, која изразила интерес да инвестира во Македонија, најави премиерот Никола Груевски во гостувањето во Дневникот” на ТВ Сител.

vozdusno pernice-Станува збор за компанија, на која не смеам се уште да и го откријам името, таа самата треба да објави, која ќе инвестира во Кичево, а ќе произведува воздушни перничиња – рече Груевски.

Груевски, воедно, најави дека оваа година се очекуваат 20 странски компании да започнат со процесот на инвестирање во Македонија. Дел од нив веќе започнале со изградба на своите производствени капацитети, а дел се во завршна фаза на објавување на нивните инвестиции.
Груевски зборуваше за најавената инвестиција во Велес на компанијата Макарт”, којашто ќе отвори од 600 до 700 работни места, како и инвестицијата на компанијата Амфенол”, која е сместена во Кочани, а најавува околу 2.000 вработувања.
Премиерот говореше и за украинската инвестиција која купи три концесии за рудници, а преку истата ќе се овозможи вработување на 400 до 500 лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1