Во полициската акција минатиот виикенд во Куманово загинати се 10 припадници на терористичката група, информира Јавното обвинителство на Република Македонија, пренесува Сител
При увидот на лице место, како што посочува Обвинителството, пронајдени се десет трупа, за кои по извршената обдукција се утврдило дека припаѓаат на терористичката група.
Министерството за внатрешни работи првично и неофицијално информираше дека во полициската акција биле загинати 14 терористи.