Во Македонија има 43.262 невработени со Високо образование


Во вториот квартал од годинава, невработеноста во земјава изнесува 28,2%, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. За разлика, од истиот период од минатата година кога невработеноста изнесувала 28,8% се забележува благо намалување.

Или, според официјалните податоци на статистиката, во Македонија во второто тромесечје од годинава има вкупно 270 325 невработени, додека пак лани во истиот период вкупниот број на невработени изнесувал 273 860 луѓе. Или за една година бројот на невработени се намалил за 3.535 луѓе.

nevrabotenost
Од вкупниот број на невработени, поголемиот дел се мажи. Односно 59% отпаѓа на мажи, а 41% на жени. Или од вкупно 270 325 невработени, 159 368 се мажи, додека пак 110 957 се жени.

Најголем дел од невработените се со средно образование, односно нивниот број изнесува 123.363, потоа со основно образование71.610 а со високо образование невработени се 43 262. При тоа интересен е податокот дека расте бројот на невработени со високо и средно образование, а се намалува бројот на невработени со три години средно образование и со незавршено основно образование.

Односо, лани имало 11.441 невработени со средно образование, а годинава има 123.363.Минатата година имало 40.967 невработени со високо образование, годинава има 43.262. Обратен е трендот кај невработените со три години сердно образование, или лани имало 43.048, а годинава 20.366.

Во вкупниот број на вработени повеќе мажи од жени

Нема драстични поместувања ниту кај стапката на вработеност. Односно, вкупниот број на вработени во земјава изнесува 687 465 или 41,1%. Минатата година, пак во истиот период имало 678 467 вработени или 40,7%. Или за една година бројот на вработени се зголемил за 8.998 луѓе.

Најголем дел од вработените отпаѓа на мажи. Или дури 60,6% од вработените се мажи, додека 29,4 се жени. Односно, од вкупно 687 465 вработени, 416 531 се мажи, додека 270 934 се жени.

Анализата на податоците покажува дека најголем дел од вработените се во преработувачката индустрија, каде има 130.107 вработени, потоа во земјоделство, шумарство и рибарство има 127.342, во трговија на големо и мало вработува 96.569 луѓе. Приближно исто вработени има во градежништвото и јавна управа и одбрана,кои вработуваат по нешто повеќе од 46.600 луѓе, а во образованието се вработени 39.441 луѓе.
Целата анализа може да ја прочитате на овој Фактор – линк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1