Во Македонија пристигна плаќањето преку мобилен


Плаќање преку мобилен е новата услуга „Мобипеј“ која Т-Мобиле и НЛБ Тутунска банка им ја нуди на своите клиенти. Едноставна и сигурна услуга достапна од денеска првпат во Македонија за микро плаќања во маркети, продавници, ресторани, кафе барови…

mobilepayment– Мобилното плаќање е една од оние услуги каде новата технологија е целосно во функција на корисникот. Пред само дестина одини мобилниот служеше единствено за разговор и СМС, а сега станува мултифункционална алатка, се во едно, која на крајот на денот го прави животот полесен, а тоа и треба да е крајната цел на модерните технологии. Со мобилното плаќање мобилниот телефон добива уште една улога – станува виртуелен паричник, рече на денешната промоција на услугата главниот извршен директор на Т-Мобиле Македонија Жарко Луковски.

Според Луковски, ова е идеален момент на премин на микро плаќање и дека дефинитивно во иднина ќе стане средства за плаќање.

Услугата е достапна и за припеј и за постпејд корисниците на Т-Мобиле Македонија, преку сите модели на мобилни телефони. Корисникот за да ја користи услугата треба да има трансакциска сметка во НЛБ Тутунска банка за да се изврши плаќањето. Во првата година со цел да се промовира услугата нема да се наплаќа провизија за трансакцијата.

– НЛБ Тутунска банка како современа и иновативна банка и овој пат е прва банка на пазарот која заедно со Т-Мобиле воведе нова и единствена можност за плаќање во продажните места директно со мобилен телефон. Преку Мобипеј функционалноста на корисниците на нашите услуги првпат ќе им овозможиме користење на средствата што се наоѓаат на сметка во банката преку мобилен телефон, истакна претседателот на УО на НЛБ Тутунска банка Ѓорѓи Јанчевски, додавајќи дека отсега на клиентите нема да имаат потреба да носат кеш и кредитни картички, туку само мобилен телефон.

Покрај Т-Мобиле и НЛБ Тутунска банка може да се приклучат кон оваа нова услуга и другите банки и компании. Јанчовски и Луковски потенцираа дека основата е поставена и оти сите други банки и оператори се добредојдени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1