Во Македонија за жените помали плати само затоа што не се мажи


Јадранка Д., вработена во компанија што се занимава со увоз, зема помала плата од своите машки колеги, иако има исто образование и исти работни задачи. Таа вели дека редовно ги исполнува работните обврски, останува на работа колку и другите, но тоа не е доволна причина работодавецот да ѝ ја изедначи платата со онаа на колегите, Пишува Нова Македонија.

rabota stres– Иако имаме иста работа, колегите се поплатени и самите јасно кажуваат дека за помала плата не би работеле. Иако барав покачување, тоа не ми беше овозможено со образложение дека кризата ги намалила приходите во фирмата – вели триесетгодишната Јадранка.

Таа не е единствената жена во Македонија кон која работодавецот има дискриминаторски однос при одредувањето на платата. Статистиката и повеќе истражувања од релевантни институции покажуваат дека, доколку сте женско што живее во Македонија, големи се шансите да земате пониска плата, без оглед на тоа што имате исто образование, квалификации и функција како машките колеги.

Во публикацијата „Жените и мажите во Република Македонија“, Државниот завод за статистика јасно укажува дека мажите во Македонија земаат повисоки плати од жените.

Лицата од понежниот пол доминираат во групите каде што приходите се движат од пет до десет илјади денари. Кај платите над 12 илјади денари поголемо учество имаат мажите, а кај лицата со плата од 20 до 25 илјади денари 11,5 отсто се мажи, а 9,2 отсто жени. Плата од 30 до 40 илјади денари, пак, примаат 2,2 проценти мажи и 1,6 отсто жени, а над 40 илјади добиваат 2 отсто мажи, и 0,9 отсто жени.

Социологот Илија Ацески посочува дека родовата разлика во последните години е намалена, но сепак присутна и дека делумно е резултат на традиционалните обичаи и вреднувања.

– Ако работодавците имаат правила по кои ги пресметуваат платите и се исклучи секаква арбитрарност, тогаш ќе се избегне дискриминација. Кога работодавците одлучуваат дискрециски за платите, честопати на ум им е, особено при вработување помлади жени, дека тие имаат или ќе имаат семејство, мали деца, и тоа може да влијае на нивната одлука да определат помала плата. Улогата на Владата би требало да биде во спроведување на овој принцип во јавната администрација, иако тука е направен значителен прогрес, но и во издигнување на свеста за ова прашање.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1