Во моментов се прислушкуваат 188 телефони – најголем дел по барање на УБК и БЈБ


Уредите на агенцијата ОТА во моментов снимаат разговори од над 180 телефонски броеви.Нивното следење е со наредба од Врховниот суд и основните судови а најголем дел по барање на Управата за безбедност и контра-разузнавање како и Бирото за јавна безбедност.Првиот човек на ОТА уверува дека агенцијата поседува најсофистицирана опрема за следење на електронските комуникации и нема можност таа да се злоупотреби.

Собраниската комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, денеска правеше увид во работата на ОТА.Иако во своите редови немаат технички експерти, уверуваат дека од надзорот утврдиле дека се почитуваат сите закони во процесот на прислушување.

Тимот на ОТА брои 22-ца вработени.Директорот на агенцијата вели дека во следниот период е можно вработување на уште неколкумина но и дека со постојната бројка се покриени сите работни позиции.

Агенцијата ОТА почна со работа во ноември лани.Според законот за нејзино формирање, единствено таа има пристап до опремата за прислушување.Снимените разговори ги добива само органот кој обезбедил судска наредба за следење на комуникациите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1