Најнова мода, кај љубителите на сладоледот е шпагети од сладолед.
Во Охрид, во некои слаткарници го има и овој специјалитет. Во порцијата има сладолед, но поминат под машинка која сладоледот го прави во форма на шпагети и тоа е ,,штос,, на кој се лепат љубителите на сладоледот. Изгледа интерсно, а е мошне вкусно. Ако сте во Охрид, или допрва ќе поминете, слободно пробајте го и ова „ ендемско чудо“ (малку се шегуваме).