Видео – Цеца со прогноза за Заев – ,,би можел да станеш премиер,,


Најинтересно од изјавата на Цеца беше нејзината последна реченица, која се однесуваше за градоначалникот Заев: „Би можел да стане и премиер за некоја година.“

Цеца Ражњатовиќ беше официјално пречекана во Домот на културата во Струмица од страна на Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, каде и` посака добредојде на, како што вели тој, една од најголемите балкански музички ѕвезди.

Заев најави дека уште пред да почне концертот добил информации од Министерството за внатрешни работи, дека Струмица има над 50.000 посетители.

-За Струмица ова навистина ќе претставува еден незаборавен момент – изјави Заев, и вели дека се надева дека во иднина повторно ќе ја имаме честа со присуството на Г-ѓа Цеца Ражњатовиќ.

Цеца се заблагодари за поканата, искажувајќи го своето задоволство што е повторно присутна во Струмица.

-Мене вечерва ми е задоволство што сум ваш гостин, во вашиот град. Долго немам гостувано овде. Да се доживее ваков успех, со толку многу луѓе, јас ви ветувам одлична атмосфера, и секој друг збор би бил премногу. Браво за Струмица и Македонија, и браво за градоначалникот.

Она што беше убаво да се забележи, е дека и младите и возрасните Цеца ги натера да излезат на „фешта“. Имаше многу автобуси од други градови од Македонија. Беше најавено неформално дека ќе гостуваат и луѓе од други држави од Балканот, но, се` уште ,немаме информации за тоа.

Колку „ќари“ градот од тридневниот фестивал во Струмица и колку Цеца го чинеше градот, се` уште нема официјални информации.

Најинтересно од изјавата на Цеца беше нејзината последна реченица, која се однесуваше за градоначалникот Заев: „Би можел да стане и премиер за некоја година.“

Фото – Радио СтрумицаНет


Tags: , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1