Седум полицајци убиени на погреб


Најмалку седум полицајци загинаа, а 12 се ранети денеска во самоубиствениот бомбашки напад во руската автономна република Ингушетија за време на погреб на еден нивни колега.


Во експлозијата на бомбата загина и самиот напаѓач.
Полицаецот е убиен вчера во Ингушетија, која се наоѓа во регионот на северен Кавказ, каде што голем број на жители семуслимани.
Овој напад се случи на првиот ден од Рамазан Бајрам, еден од двата најголеми муслимански празника. Во конфликтите во руската република Чеченија, во 90 – те години, помеѓу руските сили и сепаратистите, во вооружени акции учествуваа и бунтовници.

Share Button

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1