Олбрајт и Кларк купуваат фирми на Косово


Политичките кругови го подржаа влегувањето на Олбрајт  и Кларк на косовскиот пазар, оценувајќи дека тоа ќе биде нова страна за инвестирање.

Поранешниот државен секретар на САД, Медлин Олбрајт сака да влезе на косовскиот пазар и има намера да ја купи поштата и да ги превземе во свои раце телекомуникациските услуги во Косово, а пред извесно време за да инвестира во Косово беше заинтересиран и поранешниот командант на силите на Нато за Европа, пензионираниот генерал Весли Кларк, пишува српски курир.

Инаку, Медлин Олбрајт, поранешната државна секретарка на САД имаше главна улога во администрацијата на Бил Клинтон во меѓународната дипломатија за признавање на Косово во 2008 година.

Компанијата “Олбрајт Капитал Менаџмент” која што е под водство на Олбрајт има желба да ја купи Поштата и телекомуникациите во Косово. Косовските власти го прифаќаат потегот на оваа компанија која се нашла меѓу осумте заинтересирани компании за приватизација на РТК, најпрофитабилна косовска компанија која има околу еден милион претплатници во мобилната телефонија и 100 000 во фиксната телефонија.

Пред повеќе од два месеци, Кларк кој што беше командант  на силите не Нато, во текот на бомбардирањето на СРЈ, побарал од приштинските власти лиценца за истражување на резервите на јаглен од кои би се произведувала синтетичка нафта.

Tags: , , ,

Ирена Чачкова

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1