Во САД направeни првите летачки автомобили


Видено само во холивудски научнофантастични филмови. Летачките автомобили можат наскоро да станат дел од нашето секојдневие. Експертите во истражувачкиот центар, тврдат дека оваа година можеме да бидеме сведоци, а некои пак дури и корисници, на првите летачки автомобили.


„Терафуг“ компанијата произведе два типа на летала. „Транзишну“ леталото кое ги склопува крилата и на тој начин се претвора во автомобил.
Возилото кое што е успешно ги мина првите тестови годинава и е подготвено за продажба. Цената изнесува околу 300,000 долари, и прво тоа ќе се појави на пазарот годинава. Идниот сопственик на овој автомобил ќе мора да има 20 часа летачки тренинг, пред да може да добие дозвола да го користи.
Со еден резервоар може да се прелетаат 740 километри, носејќи двајца патници и багаж, а потоа да се трансформира во земско возило.
Другиот тип на летечки автомобил е познат како „PAL“, сличен на хеликоптер, а не како првиот тип кој изгледа како авион. Развиен е во холандска фирма, а на задниот дел има пропелер, кој му дава забрзување и го одржува во воздух. На земјата, тој функционира како трицикл. По карактеристиките е сличен како „Транзишну“.


Паралелно со овој проект, се развива уште еден, кој се однесува на целосно производство на летачки автомобили, кои што ќе ги заменат земјените. Овие приватни летала, кои целосно ќе го заменат земскиот автосообраќај, се развиваат под проектот „Мајкоптер“.
Цената и ракувањето со овие возила е помал проблем во однос на проблемите кои што ќе се создадат при регулација на патеките за летање во воздушниот простор, како би се избегнале голем број на незгоди.
За сега „Транзишн“ има експериментална дозвола за летање во САД, каде што постојат и најдобри услови за тестирање, со 5000 јавни аеродроми и уште толку приватни писти. „Транзишн“ има капацитет од 87 литри гориво и потребни му се 520 метри залет за да полета.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1