Во Пожар, Претор, Куманово, Гевгелија и Демир Капија во изминатото деноноќие наврнало најмногу дожд.
Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи во Пожар наврнати се 57 литри на метар квадратен, во Претор 42, Куманово 38, Гевгелија 32, Берово 29, Лазарополе, Штип и Струмица 28, Кавадарци 27, Прилеп и Крушево 25, Скопје и Ѓуриште 24, Маврово 20, Крива Паланка 19, Битола 18, Тополчани 16, Дојран 14, Виница 12, Тетово и Охрид 11 и во Дебар 8 литри на метар квадратен.
Денеска ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има и повремени врнежи од дожд со ретки грмежи, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Максималната температура ќе се движи од 18 до 24 степени.