Во овој град ќе живеат само жени


Саудиска Арабија има намера да создаде индустриски град во кој ќе живеат и работат само жени, на овој начин сака да направи компромис меѓу строгиот Шеријатски закон и желбата на жените да градат деловни кариери.

muslim womanСе очекува женската општина лоцирана на истокот на земјата да привлече инвестиции тешки околу 100 милиони евра, и да обезбеди 5.000 работни места во текстилната, фармацевтската и прехрамбената индустрија. Иако Шеријатскиот закон формално не им забранува на жените да работат, статистиката покажува дека жената зазема само 15 насто од работната сила во оваа земја. Најновиот план на владата е да им овозможи на жените поактивно да се вклучат во развојот на земјата.

Идејата е за почеток вработување на жените на местото на досегашните работници од странство. Летово почнаа како продавачи во парфимерии и слични продавнички, пред половина година ги заменија мажите во одделот -продажба на женска долна облека.
Сепак и покрај ваквиот напредок, жените во Саудиска Арабија остануваат лишени од основните човекови права и слободи.
Во септември минатата година кралот Абдула најави дека жените ќе можат да гласаат и да бидат дел од локалните избори 2015 година, но Саудиска Арабија и натаму е единствената земја во светот која им забранува на жените да возат автомобил, а Меѓунардниот олимписки комитет едвај ја убеди државата да им дозволи на спортистките да учествуваат на Олимпијадата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1