Во овој град нема невработени – сите имаат работа


Додека светот се бори со невработеноста, во Велика Британија постои град кој може да послужи како пример

Станува збор за Јутокситер, во Стафордшајер, во кој, во евиденцијата на невработени на локалниот завод за вработување има само 34 лица. Меѓутоа, со оглед на тоа дека наскоро се отвора супермаркет, кој ќе вработи 180 работници, тоа значи дека веројатно и овие 34 лица ќе најдат работа.

nevrabotenostСпоред статистичките податоци, во Велика Британија дури милион лица нашле работа минатата година. Меѓутоа, никој нема така добра статистика како Јутокситер, кој во Велика Британија главно е познат по трките со коњи.

Ендрју Грифитс, пратеник во градското собрание, вели дека и самиот е изненаден од овој податок и додаде дека го контактирал надлежното министерство да ги провери бројките.

-Морам да признаам дека ова се феноменални податоци. Тоа само покажува дека долгорочниот економски план на нашата влада дава резултати, а најдобриот пример е Јутокситер, вели Грифитс.

Познат ланец на супермаркети ќе отвори нов објект, што ќе значи нови 180 работни места. Најголеми работодавци во овој град се компаниите ЈЦБ и фабриката за кекси Фокс, каде работат најголем број од жителите.

Крис Плант, претседател на локалната трговска комора, вели дека ова е вредно за секаква пофалба.

-Пазарот на работа во Јутокситер постојано зајакнува, секој месец имаме се помалку невработени и мислам дека набрзо ќе можеме да кажеме дека Јутокситер е град во кој сите работат, вели тој.

Поволната статистика покажува флексибилност на пазарот на труд, што секако дава резултати.

Покрај сето тоа, бројот на вработените ја зголемува продуктивноста, а веќе сега се спроведуваат мерки за учениците веднаш по средното училиште да го најдат своето прво вработување. Она што е специфично за Јутокситер е дека не чекаат некој да дојде во заводот на вработување, туку преземаат мерки да не дојде до тоа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1