Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и потопло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од 14 до 19 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до 17 степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно и суво време со пораст на температурата. Најтопло ќе биде во петок кога на повеќето места дневната температура ќе достигне и над 20 степени.