Во притвор за шверцот на цариниците и екс претседателот на УМС на ВМРО ДПМНЕ од Струмица


Поранешниот Претседател на струмичкиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ 28 годишниот Стојан Лазаров од Струмица е првоосмничен во акцијата која вчера ја спроведе МВР на граничниот премин Ново Село. Лазаров бил раководител на граничниот премин и полицијата го сомничи за криумчарење на огромна количина на текстилна стока која потоа се продавала по струмичките бутици.

lazar pritvor

Полицијата вчера соопшти дека се приведени вкупно 13 лица, меѓу кои и цариници но и сопственици на бутици и превозници. Судијата на претходна постапка на сите им определи притвор.

Според досега документираните сознанија, делата се вршени на тој начин што нарачателите на трговската стока – правни субјекти, кои истата ја купувале во Бугарија и Грција претходно ја оставале на одредено, само за нив познато место во Бугарија или Грција.

По претходен договор, превозниците ја преземале стоката и ја пренесувале во Македонија. Тие транспортот го вршеле преку граничниот премин Ново Село до однапред договорена дестинација и тоа секогаш кога на должност биле некои од царинските службеници-членови на злосторничкото здружение, кои во договор со истите не вршеле царинска контрола, односно преглед на возилата и трговската стока што се пренесувала, а со цел да бидат избегнати задолжителните царински давачки.

За извршениот транспорт, нарачателите на трговската стока, на транспортерите откако ќе им ја доставеле трговската стока им плаќале одреден износ, а тие вака стекнатата противправна имотна корист не ја зачувувале за себе, туку по секој извршен транспорт, одредена сума им предавале цариниците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1