Во Псарaдес денеска се потпишува договрот за името


Во Псарaдес денеска во 9.30 часот, Владите на Република Македонија и на Република Грција со свечена церемонија ќе го потпишат договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство.

Договорот, како што е најавено, ќе го потпишат министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Република Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, заедно со медијаторот во преговорите, амбасадорот Метју Нимиц.

На свечената церемонија, се очекува свои обраќања ќе имаат премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

На церемонијата, како што е најавено,ќе присутсвуваат и Потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации Розмари Ди Карло, Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија и Заменик-претседателка на Европската комисија, Федерика Могерини,и Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.

Во составот на македонската делегација ќе бидат и вицепремиерите Радмила Шекеринска Јанковска, Бујар Османи, Оливер Спасовски.

Од грчката делегација ќе ја предводи претседателот на Владата на Република Грција Алексис Ципрас .

Според агендата на настанот, официјалната средба на двете делегации потоа ќе продолжи на македонската страна на Преспа, во Отешево, каде што двете делегации ќе имаат билатерален разговор и свечен ручек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1