Во Русија после температури од 30 степени падна снег


First-Verbier-SnowfallВчера во Алтајскиот крај во Русија, на југоистокот во Западен Сибир дојде до нагло заладување. После неколку топли денови и температури од 30 степени, следуваа снежни падежи.

Во градот Барнаул снегот ги покри полињата со веќе расцветани лалиња. Дрвјата на кои се појавија пролетни зелени лисја натежнаа од тежината на новопаднатиот снег. Се очекува во наредниве денови температурата да се спишти до минус два степена.

Руска реч

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1