Во близина на штипската Дестилерија прегазено е животно – чакал. Ова диво животно веќе 50 години не е забележано во Македонија.
Ловџиите од здружението „Ловец“ конастатирале дека станува збор за чакал, кој е предатор и е многу опасно животно кое многу брзо се размножува.
Од здружението на ловците бараат ресорното министерство да го впише чакалот на листата на штетен дивеч и да се обезбеди награда за отсрел.
Последен пат отсрел на чакал е извршен во 60-тите години од минатиот век во близина на Дојран, оттогаш ова животно не е забележано во Македонија. Според ловците веќе е забележана штета на добитокот која може да е поради присуството на овие животни кои делуваат чопоративно и се многу опасни.
Фото – Курир