Босна отвора нова истрага за авионската несреќа на Борис Трајковски


Во Босна и Херцеговина ќе се отвора нова истрага за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски, врз основа на нови докази кои фрлаат нова светлина за причините за падот на „Кингерот“.


Како што јави Миа, Претседателот на Комисијата за воздухопловство при Министерството за сообраќај и комуникација на Босна и Херцеговина, Омер Кулиќ потврди дека најверојатно ќе биде отворена нова истрага за авионската несреќа која се случи на 26-ти февруари 2004 година кај местото Ротмиљe, при што животот го загуби македонскиот претседател Борис Трајковски.

Во несреќата загинаа и Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.
– Во наредните два до три дена ќе се соопшти одлуката во врска со можноста за отворање нова истрага односно за повторување на истрагата. Најверојатно ќе се оди во тој правец, изјави Кулиќ, за Балканакста дирекција на агенцијата Анадолија во Сараево.

– Многу брзо се ќе биде готово. Повторувам, најверојатно ќе се оди по патот за нова истрага. Во Македонија имаат собрано и нови докази, како и нешто што е преведувано во првата истрага, потенцира Кулиќ.

Прашан дали новата истрага ќе ги опфати и доказите за кои говори и адвокатот Игнат Панчевски, тој е дециден дека новата истрага „нема врска со адвокатите“.
Ресорните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска во контактите со нивните босански колеги имаат побарано да се отворни нова истрага за падот на „Кингерот“ имајќи предвид нови сознанија за несреќата.

Комисијата за испитување на причините за несреќата, формирана во БиХ, заклучи дека падот на авионот е „процедурална грешка на пилотската екипа во фаза на слетување на аеродромот во Мостар, која довела до тоа авионот да удри во ридот“. Обвинителството во БиХ нема обвинети за авионската несреќа кај Мостар.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1