Кривична пријава за агенцијата која ги ,,зезна,, скопјани за летување на Кипар


До Државниот пазарен инспекторат доставени се пријави уште од 16 оштетени лица кои во Туристичката Агенција „ЛЕТС ТРАВЕЛ“ ДОО подружница Скопје, уплатиле аранжмани за летување во Северен Кипар во вкупен износ од 384.773 денари.

Две лица за „измама“ и „помагање“ за лажен аранжман за летување во Северен Кипар добија кривична пријава. Лицата Ф.С. (26), пријавен за „измама“, и Х.Ч. (42) пријавен за „помагање“.

МВР денеска соопшти дека првопријавениот како управител, а второпријавениот како сопственик на туристичка агенција „ЛЕТС ТРАВЕЛ“ ДОО Охрид во текот на јули и август годинава довеле во заблуда седум лица од Скопје, лажно ветувајќи им дека ќе им организираат аранжман за летување во Северен Кипар со што успеале да ги наведат да извршат уплата на парични средства во вкупен износ од 365.860 денари за која сума и ги оштетиле истите.

Оштетените лица откако склучиле договори за летување во Северен Кипар и ги уплатиле потребните парични средства на сметката на Туристичката агенција „ЛЕТС ТРАВЕЛ“ ДОО Охрид во Подружницата во Скопје, на неколку дена пред реализација на патувањето добиле телефонски повик од агенцијата додека некои од оштетените сами отишле во подружницата да се информираат за патувањето. Им било кажано дека патувањето нема да се реализира и им било побарано трансакциска сметка за да им бидат вратени парите но до денес паричните средства не им се вратени.

Освен горенаведените седум лица до Државниот пазарен инспекторат доставени се пријави уште од 16 оштетени лица кои во Туристичката Агенција „ЛЕТС ТРАВЕЛ“ ДОО подружница Скопје, уплатиле аранжмани за летување во Северен Кипар во вкупен износ од 384.773 денари.

Од извршените проверки утврдено е дека уплатените средства од оштетените лица на денарската сметка на туристичката агенција преку свивтови од девизната сметка се префрлени на сметката на фирмата „Ле туристик Сервислер“ од Турција сопственост на второпријавениот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1