Хелсиншкиот комитет за човекови права и Холандската амбасада во Македонија, свечено ќе го отворат првиот Центар за поддршка на LGBTI заедницата во Македонија. Центарот ќе е во Скопје .
Под мотото „РАЗЛИЧНИ, ЕДНАКВИ, СЛОБОДНИ“ официјалното отворање на првиот Центар за поддршка на LGBTI заедницата е на 23.10.2012 (вторник) во 19:00 часот на ул. Лазар Танев бр. 57, Стара скопска чаршија.
На настанот ќе се обратат претставници од Хелсиншиот комитет, LGBTI заедницата, како и холандската амбасадорка во Скопје Мариет Шурман.