Оставка на уредникот во Би-Би-Си забранил прилог за силувачот Џими Савил


Уредникот на телевизиската емисија на Би-Би-Си, „Њузнајт“, Питер Рипон денеска поднесе оставка. Беше откриено дека непосредно пред емитувањето, го повлекол специјално направениот прилог на новинарите на „Њузнајт“, за обвинувањата за Савил за „сексуално насилство“ врз малолетнички во времето кога беше ѕвезда на Би-Би-Си.


Рипон претходно демантираше дека бил под притисок „од кого било“, во врска со одлуката да се повлече снимениот прилог, што според неговото објаснување, била донесена од „чисто уреднички причини“.

Оставката доаѓа по соопштението дека истражувачка екипа репортери на Би-Би-Си направила специјална емисија за Савил и за случувањата околу повлекувањето на прилогот во „Њузнајт“, што ќе се емитува вечерва на телвизиската програма на оваа компанија, што ја продлабочува кризата околу Би-Би-Си.

севил е најголемиот сексуален престапник во историјата во Британија со досега над 200 пријавени жртви во период од цели 40 години. Полицијата и формално покрена кривична истрага за Савил, кој почина во октомври 2011 година, на 84-годишна возраст. Пред неколку недели семејството згрозено од наодите го отстрани и споменикот кој беше поставен на гробот на водителот.

Генералниот директор на Би-Би-Си, Џорџ Ентвистл утре ќе биде сослушуван од парламентарната комисија за култура и медиуми. Само пред три недели тој и компанијата тврдеа дека нема докази за обвинувањата што се упатуваат кон Џми Савил.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1