Во смрт поради љубов на Фејс: Мајка на 3 деца заминала кај љубовникот во Индија – никогаш не се вратила


45-годишната Шкотланѓанка Анџела Слин од Кру во Чешир, омажена мајка на три деца, заминала во Индија да се види со својот љубовник, 30-годишниот Џаспал Синг, но тамошната клима не ѝ одговарала и починала овој месец од воспаление на белите дробови.

Анџела, медицинска сестра, и Џаспал, сик од Лудијана во Панџаби, се запознале на Фејсбук во 2014-тата година, и се заљубиле. Тоа што таа била мажена не им пречело јавно да ја изразуваат својата љубов. Кон крајот на минатата година тие објавиле дека се во врска.

proxy

Тој период бракот на Анџела почнал да влегува во криза, па нејзиниот сопруг го напуштил семејниот дом. Кратко потоа започнала бракоразводна постапка. Меѓутоа, сопругот воопшто не знаел дека има ривал.

Анџела им раскажала на своите деца, кои се на возраст од 15 до 24 години, дека има нова љубов и дека ќе отпатува кај него да се запознаат, но на сопругот не му кажала ништо. На аеродромот во Амрикар пристигнала на 4-ти мај.

“Бев многу возбуден што ќе ја видам”, раскажал Џаспал. “Изгледаше ангелски убаво. Бев пресреќен што ја гледам”, рекол младиот маж.majka-indija-ljubovnik-03

Заљубениот пар една седмица посетувал туристички атракции, а неговото семејство одлично ја прифатило Анџела. Уште било рано за сериозни планови, но Џаспал вели дека сè одело во таа насока. Меѓутоа, на 11-ти мај Анџела почнала да се разболува. Веднаш била примена во болница, а набрзо нејзините органи откажале и таа починала на 17-ти мај. Во извештајот на лекарите пишувало дека имала акутна пневмонија, која предизвикала парализа на дишните органи.

“Mногу пати си рековме “те сакам”, и уживавме во тоа што сме заедно. Не можев да верувам кога лекарите ми соопштија дека умрела. Земјата под моите нозе се тресеше”. Потоа морал да им соопшти на нејзините деца што се случило, а тие биле шокиран

“Не знам како толку здрава жена можеше така да се разболи. Мислеше дека ја најде љубовта на својот живот, а се случи трагедија”, рекла нејзината свекрва Дорин Слин.

Точка.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1