Во еден град во Србија се измерени неверојатни 50 степени, а метеоролозите велат дека жешкото време ќе се задржи и во следните седум дена.
Дури од четврток се очекуваат локални и краткотрајни врнежи проследени со грмотевици.
Инаку, најтоплиот град во Србија каде што се измерени 50 степени Целзиусови е Суботица.
Лекарите советуваат граѓаните да бидат внимателни и да одбегнуваат да излегуваат од затворени и климатизирани простории затоа што на толку високи температури е зголемен ризикот од топлотен удар и сончаница.