Пред влезот на градскиот парк во Виница, на улицата „Браќа Миладинови“, пронајден е човечки череп, соопшти полицијата.
Черепот го пронашол вработен во ЕВН Македонија од село Зрновци додека вршел ископ за поставување фундамент за столб за струја, по што го пријавил случајот.
Извршен е увид на местото на настанот, се работи на расчистување на случајот.