Во вторник ќе се знае кој ќе раководи со разузнавачите на место на Мијалков


Во вторник, на 26 месецов, на седница на Влада ќе се избираат новите директори на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање, потврди за Алфа владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Предлозите за двете функционерски места во полицијата се на предлог на министерот за внатрешни работи Митко Чавков, и се до нивниот официјален избор не се откриваат.razuznavanje

Смените на двете клучни директорски позиции во МВР, доаѓаат откако од позицијата министер за внатрешни работи и директор на УБК се повлекоа Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков.

Наследник на Јанкулоска е Митко Чавков кој на позицијата министер дојде од позиција прв човек на БЈБ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1