Нема веќе цени кој како сака да ве лаже – Објавен ценовникот за продажба или закуп на недвижности


Граѓаните кои сакаат да купат, продадат или изнајмат станови или куќи преку единствениот регистар на ГИС порталот (gis.katastar.mk) во секое време ќе може да знаат по која цена се продаваат или закупуваат објектите во делот во кои купуваат или продаваат индивидуални, деловни  или колективни објекти. Според првичната аналаиза најмногу трансакции на недвижности и закупи има во Скопје. Во првата половина од годинава најскапо е продаден објект во Охрид. Според директорот на Агенцијата за катастар Славче Трпески, со овој регистар повеќе нема да може да се кријат реалните вредности на продадените или закупени објекти.

stan pari kukja

„Објавените цени се истражени во договорите за купопродажба. Во Регистарот на цени се внесени и оданочените вредности. Првичните анализи покажаа дека за отприлика 20  проценти се прикажуваат пониски цени во споредба со оданочените. Целта на Регистарот на цени е оваа разлика да исчезне. Очекувањата се токму тоа, оваа разлика да исчезне, да дојде време кога правните и физичките лица кои продаваат и купуваат имот да ги прикажуваат реалните цени“, вели Славче Трпевски – директор на Агенција за катастар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1