Водечките луѓе во фудбалот одлучија – технологија на гол-линијата одобрена


Фудбалските иницијатори за воведување на технолија на гол-линијата, во четвртокот, на состанокот во Цирих го изгласаа ваквиот предлог кој веќе од наредната сезона ќе се користи на мечевите од Премиер-лигата, Светското клубско првенство во Јапонија, како и натпреварите од Мундијалот во Бразил 2012 година.

На овој состанок беше донесена и одлука да им биде дозволено на женските муслимански фудбалерки да играат со шамии на главата.

„Технолошката придобивка на гол-линијата е последно нешто што ќе се воведе во овој спорт“, изјави англискиот претставник на ИФАБ, Алекс Хорн

Интернационалниот фудбалски борд, (ИФАБ), во принцип ја дозволи употребата на технологија на гол-линијата уште во март, откако тестовите од добиените резултати се покажаа како позитивни. Членовите на бордот на состанокот категорично ги отфрлија забелешките на првиот човек на Европската фудбалска куќа, Мишел Платини, кој зборуваше дека ова ќе биде почеток без крај на воведување на технологијата во овој спорт.
„Повлекуваме црта со која сакаме да дадеме до знаење дека технолошката придобивка на гол-линијата е последно нешто што ќе се воведе во овој спорт. Платини не е во право кога вели дека воведувањето на технологијата во фудбалот ќе биде почеток без крај“, изјави Алекс Хорн, англискиот претставник во ИФАБ.
Ќе се користат два система, „око соколово“ и „гол-реф“, системи кои најдобро се покажаа на тестирањата. Првиот е создаден од британски компании, а се состои од идејата да се монтираат камери на гредите на голот со што преку повторената снимка би се утврдило дали топката ја минала гол-линијата. Вториот изум кој е креација на германско-дански компании, е систем кој што ќе создаде магнетното поле од гол-линијата до мрежата, и чип во фудбалот со што ќе се создаде звук кој ќе му овозможи на главниот арбитар да пресуди дали има, или нема погодок. Дополнително ќе бидат ставени позди мрежите уште двајца помошници кои што ќе треба да бидат додатна помош за проценките во донесувањето на правилните одлуки.
Сеп Блатер јавно му се заблагодари на Френк Лампард, и го посочи како човек кој што го натерал да размислува во правец на подобрување на регуларноста во донесувањето на судиските одлуки. Блатер потсети на моментот кога фудбалерот на Челзи постигна гол против Германија на СП 2010 во Ј. Африка, кој што не беше признат од судиите. Истото се повтори и на СП во Полска и Украина, клучни моменти поради кои носителите на одлуки во светскиот фудбал се одлучија на ваков чекор.

Share Button

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1