Можете да го купите и најскапото одело на светот, но доколку не е ваш стил можете да изгледате навистина смешно. Од друга страна, доколку направите добар избор без разлика на цената, ќе бидете кул и современи.
Тоа може да го постигнете со следниве 5 совети кои можете да ги сметате за библија кога станува збор за избор на одело.
Бидете класични
За да не купите одело кое следната сезона нема да биде in, секогаш држете се до проверени бои и кроеви. Ако е во прашање еднобојно одело одберете тегет или јаглен-боја. Тоа е добра опција бидејќи оделото ќе можете да го користите во повеќе прилики. Додека пак ако одбирате модел со шари моделите со фабричка тегет линија се вонвременски, како и темно сивите варијанти. Реверите никогаш не треба да бидат ниту премногу широки, нити премногу тесни. На младите момци им прилегаат и тесните ревери, но за повозрасните повеќе одговараат пошироките.
Пронајдете ја вашата величина
Најголемата грешка најчесто е тоа што момците не знаат да ја изберат вистинската величина на оделото.
За тоа има три правила:
– Сакото треба добро да лежи на вашите рамена, но не и да ве стега. Ако сакото лежи добро на рамената тогаш е многу веројатно целото одело да е по мерка.
– За да проверите дали сте ја избрале вистинската должина спуштете
ги рацете и ако можете да ги дофатите долните ивици тогаш сте направиле вистински избор.
– Ракавите од кошулата не би требало да излегуваат од сакото повеќе од половина центиметар.
Типови сакоа
Сакото со две копчиња најчесто е добар и вистински избор за многу прилики. Сако со три копчиња е добар избор доколку го шиете по мерка и подобро им стои на послабите момци. Додека сако на преклопување (со повеќе копчиња) најчесто е поформална комбинација која се одбира кога сакате да изгледате софистицирано.
Правила за копчиња и закопчување
Ова е правило по принцип “секогаш- никогаш” и важи за сакоа со две копчиња
Секогаш го закопчувате горното копче, а никогаш долното копче
Правило “понекогаш- секогаш- никогаш” Понекогаш го закопчувате горното копче, секогаш средното копче и никогаш не го закопчувате долното копче.
Избор на панталони
Размислувате за пантолони со набори или со класични рабови? Доколку одбирате такви панталони гледајте да бидат фланелски или од некој погруб материјал. Ваков вид на пантолони се прикладни за мажи кои сакаат да изгледаат “средено” или да бидат во т.н италијански стил. Доколку не сте сигурни дека сакате вакви панталони тогаш одберете потесни и потенки пантолони. Ваквите пантолони се вистински избор за пониските мажи.
Доколку купувате само едно одело…..
Тогаш треба да одберете многу темно тегет одело. Причината е едноставна:добро се комбинира со бела кошула и црна машна што е добро бидејќи оваа комбинација одговара за посериозни прилики. Доколку сакате поопуштена комбинација за повесели прилики тогаш одберете фармерки или пантолони со поживи бои и тоа без сако.